Бразилецот Менсалао е второто засилување за Шкендија во зимскиот преоден рок. Претходно во клубот од Брегалница пристигна Михаил Маневски.
Играчот од редот за врска во Шкенидија пристигна од ерменскиот клуб Севан. Менсалао со Шкендија потпиша 18 месечен договор.
Шкендија, првиот дел од сезоната го заврши на третото место, со 34 бода, осум помалку од водечкиот Шкупи.