Џенова на Горан Пандев извлече важен поен за опстанок на гостувањето кај Сасуоло (1:1) со надеж дека во 2022 ќе успеат да обезбедат опстанок во елитата со новите американски газди и новиот тренер Андриј Шевченко.
Матија Дестро ги донесе Џенова во водство на „Мапеи“ уште во седмата минута од мечот со маестрален гол со пета, пред Доменико Берарди да израмни во 55. минута, Пандев влезе во игра во 75. минута на местото на стрелецот Дестро.
Џенова останува претпоследна на табелата со 12 поени, четири под зоната за испаѓање, додека Сасуоло се на 13. место со 25 поени.
Eu vos apresento Mattia Destro pic.twitter.com/3MvshA9jZo
— ????Schaurig???? (@AugustSchaurich) January 6, 2022
Standings provided by SofaScore LiveScore