Top Sport

Кутињо кај Џерард во Астон Вила

Филипе Кутињо, најголемото разочарување во историјата на Барселона се врати во Премиер лигата. Астон Вила го потврди доаѓањето на Бразилецот. Барселона и Астон Вила постигнале договор, Кутињо како позајмен играч, до крајот на сезоната да настапува за Астон Вила. Заминувањето на Кутињо ќе го отвори просторот во буџетот и Барселона ќе може да го регистрира Феран Торес.

Филипе Кутињо, во јануари 2018 година, од Ливерпул пристигна на „Ноу Камп“. Трансферот со сите бонуси требаше да изнесува 160.000.000 евра, досега Барселона на Ливерпул му исплатиле 135.000.000 евра.

Кутињо во Барселона никогаш не ја достигна формата од Ливерпул. Дури една сезона беше позајмен во Баерн Минхен. Таму ги освои сите трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, но не ги импресионираше Германците кои го вратија назад во Барселона.

Барселона сега го испрати на нова позајмица, кај Стивен Џерард во Астон Вила.

 

Scroll to Top