Напаѓачот на Фиорентина и во моментов најдобриот стрелец во Серија А, Душан Влаховиќ, уште еднаш ја одбил понудата на Арсенал. Српскиот репрезентативец не сакал кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.
Италијанските медиуми, кои секојдневно ја следата приказната со Влаховиќ, тврдат дека тој одбрал три клуба во кои би можел да ја продолжи кариерата.
Една од опциите е да остане во Италија и да се пресели во Јувентус, а другите две се поврзани со Шпанија, односно со Атлетико Мадрид и Барселона.
Од овие три клуба, Атлетико, во летниот преоден рок испрати конкретна понуда од 55.000.000 евра, која Фиорентина ја одби.
Ситуацијата е сега поинаква, договорот на Влаховиќ истекува во 2023 година и доколку Фиорентина сака да ги добие бараните 70.000.000 евра ќе мора да го продаде во актуелниот преоден рок.