Шпанските медиуми објавија дека Кристијано Роналдо ја прифатил затворската казна од две години (која нема да ја отслужи) и 5.7 милиони евра за да се договори со шпанските даночни власти.
Португалската ѕвезда на Реал Мадрид постојано ги отфрлуваше обвинувањата дека избегнувал данок за користењето на неговиот лик, но според „Ел мундо депортиво“ сега се согласил да ја плати намалената сума, која оригинално беше 14 милиони евра, и прифатил затворска казна, која нема да ја отслужува бидејќи ова му е прв прекршок.