Top Sport

Продолжува соработката помеѓу Ѓоковиќ и Вајда

Новак Ѓоковиќ ќе ја продолжи соработката со тренерот Марјан Вајда и за претстојната сезона на тревната подлога.

Повеќе од една година српскиот тенисер се соочува со различни проблеми, а кон крајот на 2017 година реши да ја раскине соработката со комплетниот стручен штаб, на чие чело беше токму Словакот Вајда.

Ѓоковиќ започна да работи со Андре Агаси и Радек Штепанек, но и со нив не успеа да ја најде вистинската форма, поради што по само неколку месеци ја раскина соработката и со нов двајца.

Пред почетокот на сезоната, на земјани подлоги, Ѓоковиќ ги врати во тимот Вјада и кондицискиот тренер Гебхард Фил Грич. Тогаш договорија привремена соработка, која ќе продолжи барем уште некој месец.

Ѓоковиќ во наредниот период ќе учествува на турирот во Квинс, а потоа и на Вимблдон.

Scroll to Top