Top Sport

Анчелоти не се лути: Можеби Себалјос беше во право

Карло Анчелоти признава дека Дани Себалјос бил во право кога луто реагираше кога чекаше да влезе во игра на 4 минути пред крајот на мечот од Копа дел реј против Алкојано оваа недела, иако шпанските медиуми тврдеа дека се работи за подлабоко незадоволство на Шпанецот.

Италијанскиот стратег вели дека не сакал да ризикува повеќе минути за Себалјос поради состојбата на теренот на „Естадио Ел Колао“.

„Тоа се случува на фудбалери кои сакаат да играат. Сакав да му дадам минути, но како што објаснив, тоа не беше најприкладен терен за игра и можеше да има проблеми. На пет минути пред крајот, премногу чекав. Го видов дека се лути и му кажав дека најверојатно е во право и чекав предолго. Нема проблеми меѓу нас бидејќи тој знае дека имам голема доверба во него“, вели Анчелоти.

Scroll to Top