Борис Бекер се обидува да се спаси од процедурата за банкрот во Велика Британија со дипломатски имунитет поради неговиот пасош од Централноафриканската Република.
Германската тениска легенда беше именуван за аташе за спорт и култура во Европската Унија од страна на владата на африканската нација (каде што има граѓанска војна) во април, објавија неговите адвокати. Со ова именување, тој добива дипломатски имунитет според Виенската конвенција од 1961 година, и не треба да ги врати парите кои ги должи на приватна банка од Лондон.
„Горд сум на моето именување како аташе за култура и спорт на Централноафриканската Република. Спортот е важен во Африка и станува универзален јазик. Не знам зошто ова би требало да биде различно од било која дипломатска функција“, вели Бекер во соопштение.
Бекер во 1985 година стана најмладиот шампион на Вимблдон на само 17 години, и во кариерата освои уште две титули на гренд слемот во 1986 и 1989 година.