Влезот на Фолскваген групацијата во Формула 1 е „практично сигурна“, тврди британскиот „Кар магазин“, додавајќи дека ќе се влезе со два големи брента, Ауди и Порше и сега се чека само последното одобрение од бордот на компанијата.
Според нивните извори, Ауди и Порше би дебитирале во 2026 година – Ауди како партнер на Мекларен, додека Порше би склучиле договор со Ред бул рејсинг, за интересна битка со Мерцедес и Ферари во новата Ф1 ера.
Ауди исто така би ја презеле моторспорт дивизијата на Мекларен во Вокинг, но и компанијата за производство на улични автомобили, а можно е и целосно откупување на Ф1 тимот и производителот на автомобили.
Порше, пак, би станал партнер на Ред бул, а по истекот на договорот со Хонда за развој на моторите кој го има австрискиот тим, исто така би дошло до преземање на оваа единица.