Мечевите во Серија А би можеле наскоро да се играат без публика поради пандемијата на КОВИД во Италија, тврди „Кориере дело спорт“.
Италијанскиот премиер Марио Драги вчера разговарал со претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина, предупредувајќи го дека не се почитуваат правилата и дека на трибините има многу луѓе без маски.
Според „Кориере дело спорт“, опцијата пак да се забрани присуство на публика ќе биде разгледуваана во среда кога повторно ќе има средба на владата со фудбалските власти.
Во март 2020, Серија А беше целосно прекината поради КОВИД, а потоа кога се врати во јуни, сите мечеви се играа без присуство на публика.
? #SerieA, si va verso le porte chiuse https://t.co/Yh3maOG68r
— Corriere dello Sport (@CorSport) January 8, 2022