Леванте успеа да стигне до својата прва прва победа оваа сезона во Ла лига, во меч во кој македонскиот репрезентативец Енис Барди имаше фантастична асистенција до ветеранот Роберто Солдадо за тој да го постигне првиот гол за 2:0 победа на Мајорка.
Барди во 47. минута од мечот, фантастично се снајде на средината на теренот за да го пронајде Солдадо за надеж за придвижување од последното место на табелата, но потоа гостите имаа повеќе од играта.
Jugadon de Enis Bardhi y la asistencia a Roberto Soldado.#Levante 1-0 #Mallorca #LaLiga ??pic.twitter.com/jlxuYPTALd
— Bauti (@Bau_Nickk) January 8, 2022
Мајорка утна пенал преку Брајан Оливан во 69. минута, пред во 87. минута, Фер Нино да постигне гол, кој беше поништен поради играње со рака.
И покрај трите поени, Леванте останува последнопласиран во Ла лига со 11 поени, пет зад Елче на 16. место, првиот „безбеден“ тим. Мајорка е на 15. место со 20 освоени поени. По ова, во 97. минута од мечот, Хозе Луис Моралес стави точка на мечот со уште еден гол во мрежата на гостите.
Графика: Sofasport за Топспорт.мк