Хофенхајм на тренерот Себастијан Хенес, сензационално се искачи на четвртото место во Бундеслигата по првото „пролетно“ коло во германската лига, откако стигнаа до 3:1 победа над Аугзбург, додека Фрајбург пропушти 2:0 водство за 2:2 реми против аутсајдерот Арминија Билефелд.
Илас Бебу постигна два гола во финишот на првото полувреме за Хофенхајм да стигне до 2:1 победа над Аугзбург, откако претходно Михаел Грегорич ги донесе Арминија во водство уште во деветтата минута.
На Хофенхајм исто така им одговараа и резултатит на директните ривали за место во ЛШ – покрај 2:2 ремито на Фрајбург, Баер Леверкузен исто така мораше да се враќа за 2:2 реми со Унион Берлин.
БУНДЕСЛИГА, 18.КОЛО
Баер Леверкузен – Унион Берлин 2:2
РБ Лајпциг – Мајнц 4:1
Фрајбург – Арминија Билефелд 2:2
Гројтер Фирт – Штутгарт 0:0
Хофенхајм – Аугзбург 3:1