Милан повторно ќе загуби фудбалер без отштета, а Реал Мадрид пак ќе добие играч без да плати ништо тврди шпанскиот „Ел Насионал“, кој додава дека „кралевите“ веќе почнале преговори со фудбалерот од средниот ред на „росонерите“, Френк Кеси.
Договорот на 25-годишниот Кеси завршува во јуни и тој одбива да потпише нов договор со клубот од „Сан Сиро“, во ситуацијата која наликува на минатогодишната, кога од Милан бесплатно си заминаа голманот Џанлуиџи Донарума (ПСЖ) и Хакан Чалханоглу (Интер).
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска има 35 гола и 16 асистенции во 205 настапи за Милан, каде што пристигна прво како позајмен фудбалер од Аталанта во 2017 година.
Реал пак, да потсетиме минатото лето успеа да го донесе Давид Алаба од Баерн Минхен исто така на бесплатен трансфер, и се очекува да го направи истото со Килијан Мбапе следното лето.