Top Sport

Му го нуделе Рибери, претседателот на клубот се чудел дека тој уште игра

Франк Рибери не планира да остане уште многу во Салернитана, откако претседателот на бразилскиот клуб Сеара СП тврди дека добиле понуда да го донесат францускиот ветеран, реагирајќи зачудено што тој уште е активен фудбалер.

Робинсон де Кастро, претседателот на Сеара, во интервју за „Глобо еспорте“ ја објаснува ситуацијата.

„Вчера ми се јавија и ми понудија да поптишам со Рибери. Искрено, не знаев дека тој уште игра фудбал. Дали би бил заинтересиран? Навистина не знам“, вели Де Кастро.

38-годишниот Рибери потпиша за Салернитана како слободен агент во септември откако две сезони играше во Фиорентина и има 12 настапи и 2 асистенции оваа сезона за фенерџијата во Серија А. Тој во април ќе наполи 39 години.

Scroll to Top