Top Sport

Дебитантот Кем ја реши драмата во Бруклин

Бруклин Нетс, во драматичен меч, по едно продолжение, славеа победа над Сан Антонио Спарс 121:119. Дебитантот, Кем Томас, го реши победникот со поените кои ги постигна на 1,7 секунди до крајот на продолжението.

Бруклин за малку ќе направеа од готово вересија. На четири минути до крајот на регуларниот дел од натпреварот имаа предност од 10 поени. Спарс се врати благодарение на окер и Мареј.

Во последните 40 секунди ниту еден тим не успеа да постигне поени.

Кевин Дурент постигна 28, Џејмс Харден два поени помалку, но имаше и седум скока и 12 асистенции. Томас мечот го заврши со 11 поени и шест скока.

Кај Спарс се истакнаа Вокер со 25 поени, односно Мареј со 19 поени, девет скока и 12 асистенции.

Scroll to Top