Top Sport

Државниот обвинител се закани: Министерот се уште има право да го депротира Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ ја победи Владата на Австралија. Федералниот суд ја уважи неговата жалба да му биде вратена визита, меѓутоа државниот обвинител, Кристофер Тран, вели дека се уште ништо не е готово.

На Ѓоковиќ судот му ги врати пасошот и личните документи и наложи Владата да го плати трошоците. Меѓутоа, државниот обвинител вели дека последниот збор во целата ситуација ќе го има министерот за имиграција, Алекс Хок.

Тој вели дека министерот за Имиграција и понатаму го има правото да го депортира Ѓоковиќ. Доколку донесе таква одлука, на Ѓоковиќ ќе му биде забранет влез во земјата во наредните три години.

Scroll to Top