Челниците на Фудбалскиот сојуз на Буркина Фасо, се сомневаат во валидноста на ковид-тестовите пред мечот со Камерун, поради што упатиле жалба до Фудбалската конфедерација на Африка.
Буркина Фасо, вчера, против домаќинот Камерун го отвори Купот на Африка. Ноќта пред натпреварот, петмина репрезентативци добиле позитивни тестови.
Првиот човек на Фудбалската федерација на Буркина Фасо, Лазаре Бансе, рекол дека имаат причини да се сомневаат дека се работи за голем скандал. Бансе побарал примероците на петмината позитивни да бидат испратени на анализа во независна лабораторија.
„Ова е скандал. Организаторите, директно работеа во корист на домаќинот. Тоа е недопустливо“, изјавил капитенот на Буркина Фасо, Бертранд Трапре.
Камерун, со пресврт и два гола од пенал, ја победи Буркина Фасо со 2:1.