Top Sport

Галатасарај се раздели со тренерот Фатих Терим

Фатих Терим неславно го заврши четвртиот мандат на клупата на Галатасарај. Лошите резултати во домашното првенство му пресудија на 68-годишниот тренер.

Галатасарај по 20 кола во Суперлигата на Турција се наоѓа на 12.место со 27 бода, на последните пет натпревари има само една победа.

Великанот на турскиот фудбал, по првиот дел од сезоната има 22 бода помалку од лидерот Трабзон, но само седум помалку од третопласираниот Башахшехир.

Терим во кариерата го предводел Галатасарај во четири мандати (1996-2000, 2002-2004, 2011-2013). Последниот мандат кој го заврши во понеделникот, Терим го започна во 2017 година.

Со Галатасарај осум пати бил шампион на Турција, три пати го освоил Купот, а пет пати Суперкупот. Во сезоната 1999/2000, Терим го предводеше Галатасарај до трофејот во Купот на УЕФА.

Scroll to Top