Каљари првпат оваа сезона успеа да сврзе две победи во низа, откако Уругваецот Гастон Переиро стрелаше во 94. минута за 2:1 победа над Болоња на „Сардења арената“ и за зголемување на шансите за опстсанок во Серија А.
Рикардо Орсолини ги донесе гостите во водство во 54. минута, пред Леонардо Паволети да ја продолжи одличната форма и во 71. минута да израмни за Каљари. Херој на мечот беше Переиро, кој во 94. минута по асистенција на Жоао Педро ги постави конечните 2:1
Тие остануваат на 18. место на табелата со 16 поени, само еден зад Венеција (која има и меч помалку) и сега четири поени пред Џенова на Горан Пандев.
Standings provided by SofaScore LiveScore