Мемфис Депај се подготвувал да ја напушти Барселона. Холанѓанецот пред шест месеци, како слободен играч, пристигна на „Ноу Камп“, како големо засилување.
Каталонските медиуми тврдат дека Депај до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот. На неговиот профил „Инстаграм“ повеќе го нема потписот ФК Барселона.
Холанѓанецот требаше да биде лидер на овој тим, започна солидно, но потоа се повреди. Откако се рехабилитираше два натпревари започна од клупата за резерви.
Од почетокот на сезоната одиграл 22 натпревари, на кои постигнал осум гола. Тој е најдобриот стрелец на Барселона.
Некои медиуми тврдат дека сериозен интерес за Депај покажале челниците на Јувентус. Андреа Ањели и неговите соработници, мора да најдат замена за Федерико Киеза, кој поради повреда ја заврши сезоната.
Трансфер инсајдерот, Џанлука Ди Марцио, пишува дека голема е веројатноста овој трансфер да биде завршен во наредните 48 часа.