Шпанецот, Тони Џерона, кој ја предводи Србија на Европското првенство, упатил остри критики за организацијата на Европското првенство. Ставот на Џерона го делат и Французите, тие се жалеле кај ЕХФ, за условите кои ги имале во хотелот во Сегедин, каде редовните гости се шетале без маски.
Тони Џерона, најмногу замерки имал на времето кое е потребно за да бидат играчите и другите лица од репрезентации тестирани на коронавирусот. Тврид дека, во ситуација кога во сите репрезентации има позитивни ракометари, нема доволно тестови.
„Организацијата на ЕУРО е хаотична. Луѓе без маски се наоѓаат во исти простории со репрезентативците, нема тестови за сите репрезентации. Се доцни со тестирањата, чекаме по два часа, а некои од играчите веќе се заразени. Како воопшто ќе се игра ЕУРО?“, се прашува српскиот селектор.
Србија, првиот натпревар на првенството ќе го одигра утре, против Украина од 18 часот. Во групата со Србија и Украина се и селекциите на Франција и Хрватска.