Кристијан Ериксен сериозно се подготвува за враќање на фудбалот, споделувајќи видео од неговите тренинзи на кои покажа дека уште има чувство за убав гол, погодувајќи во аголот без шанси за голманот.
Поранешниот фудбалер на Тотенхем и Интер во моментов тренира со швајцарскиот клуб Кијасо, откако го раскина договорот со Интер бидејќи не можеше да игра во Серија А со вградениот минијатурен дефибрилатор, поставен по срцевиот удар на првиот меч на ЕУРО 2020 во текот на летото.
Тој неодамна во интервју призна дека главната цел му е да се врати на Светското првенство во Катар оваа година и дека бара клуб каде што би ја продолжил кариерата.