Мали стигнаа до изненадувачка 1:0 победа над Тунис во првиот меч за двете репрезентации на Африканскиот куп на нации, но многу повеќе внимание предизвика одлуката на судијата кому како да му се брзаше да го заврши мечот, така што двапати прогласи крај на мечот – прво во 85. минута, а потоа и во 89. минута.
Коне во 48. минута од пенал донесе водство за Мали, додека Тунис пропушти шанса да израмни во 77. минута, кога Ваби Хазри утна удар од белата точка.
Судијата Џани Сиказве од Замбија, потоа прво објави крај на мечот во 85. минута, за да се поправи и да го продолжи мечот, по што не продолжи ниту една минута по крајот на 90-те предизвикувајќи хаос помеѓу фудбалерите на Тунис.
? The referee has blown the whistle after 89 minutes in Tunisia vs Mali #AFCON
? Tunisian coach Mondher Kebaier is furious with the decision to finish the game with no additional time pic.twitter.com/RISJCnclAK
— Football Daily (@footballdaily) January 12, 2022