Top Sport

Ибра: Бензема треба да биде во Русија, а не Дешам

Шведската фудбалска легенда Златан Ибрахимовиќ инситира дека Карим Бензема треба да биде дел од француската репрезентација на Мундијалот во Русија, наместо селекторот Дидие Дешам.

Дешам постојано кажува дека за напаѓачот на Реал Мадрид, Бензема нема место во репрезентацијата, по скандалот во 2015 година, кога тој беше суспендиран за наводна вклученост во обидот за уцена на колегата од тимот, Матју Валбуена. Иако 28-годишниот Бензема беше ослободен од обвиненијата кои вклучуваа секс-лента со Валбуена, тој продолжи да биде изоставуван од францускиот тим.

По тешката 2:1 победа над Австралија во првиот меч, Ибрахимовиќ вели дека Французите ќе зажалат што го немаат Бензема.

„За мене, воопшто не е нормално Бензема да не биде во француската репрезентација. Тој е еден од најдобрите на светот, има титули од Лигата на шампионите, игра за Мадрид и не е во тимот поради работи кои немаат врска со фудбалот. Ако тренерот вели дека за него нема место во тимот, тогаш можеби тренерот не треба да биде таму. Толку е едноставно. Ако сакаш да победуваш, тогаш во тимот ти требаат победници, а Бензема е таков фудбалер“, вели Ибрахимовиќ.

Scroll to Top