Канадската тенисерка Јуџини Бушар не може да се пофали со добра сезона, но сепак, тоа не ја спречува да биде на насловните страници и да привлекува големо внимание кај таблоидите.
Овојпат 23-годишната Канаѓанка, инаку на 81. место на ВТА-листата, го откри својот костум за „Денот на вештерките“ – инспириран од ТВ-серијата од 1990-тите „Бејвоч“ (Чувар на плажите).
Бушар пред две години беше сметана за една од најталентираните тенисерки по пласманот во финалето на Вимблдон, но оттогаш има драстичен пад на рејтингот и на формата. Што не може да се каже за нејзината популарност – таа има 1.5 милиони следбеници на Инстаграм.