Вест хем со 2:0 го совлада „фенерџијата“ во Премиерлигата, Норич сити за да се врати на четвртото место на табелата во Премиерлигата, најавувајќи борба за место во ЛШ.
Џерод Боуен беше човекот на одлука за тимот на Дејвид Мојс, откако прво во 43. минута го скрши отпорот на „канаринците“, пред во 83. минута да стави точка на натпреварот.
Ова е трета победа во низа за Вест хем, со која имаат 37 поени на табелата, два поени пред Арсенал, четири пред Тотенхем и дури шест пред Манчестер јунајтед.
Standings provided by SofaScore LiveScore