Додека се чека одлуката на Владата на Австралија, околу евентуалната депортација на Новак Ѓоковиќ, во Мелбурн се одржа ждрепката за првиот гренд-слем во сезоната, Австралија опен.
Светскиот рекент број 1, Ѓоковиќ, турнирот ќе го отвори против сонародникот, Миомир Кецмановиќ. Противник во второто коло ќе му биде 41.играч на АТП листата, Томи Пол или играч од квалификациите. Потенцијалени противници во третото коло се Александар Бубликл или Лоренцо Сонего, а во осмина-финалето Кристијан Гарин или Гаел Монфис.
Ако дојде до четврт-финалето таму ќе го чека Матео Беретини или талентираниот Шпанец, Карлос Алкараз. Во полу-финалето би можел да игра со Александар Зверев или Рафаел Надал.
На другата страна од ждрепката се вториот, четвртиот и петтиот носител: Данил Медведев, Стефанос Циципас и Андреј Рубљов.
Австралија опен започнува во понеделник и ќе трае до 30.јануари.