Top Sport

Жена му не го пушти на Мундијал, другарите донесоа картонска копија (галерија)

Група на мексикански фанови отпатува на Светското првенство во Русија со картонска копија на нивниот другар, кому сопругата не му даде дозвола да патува.

Пет пријатели од мексиканскиот град Дуранго инспирирани од слични авантури на СП во Бразил во 2014 година, решија да патуваат со мини-бус во Русија, и штедеа од 2014 година за пред да тргнат во април, нивниот пријател Хавиер да не добие дозвола од сопругата.

Ова ги „поремети“ нивните планови, но тие не го оставија човекот на цедило – решија да направат копија од него со маичка на која пишува: „Мојата жена не ме пушти“ и со неа да допатуваат во Москва по голема авантура.

 

Scroll to Top