Голманот на Фиорентина, Полјакот Бартоломеј Драговски доби заслужен црвен картон за бруталниот старт над Елиф Елмас во финишот на првото полувреме од Купот на Италија и по првите 45 минути останува 1:1.
Драговски влета остро и ја сопре стоотстотната шанса на Елмас, откако прво Душан Влаховиќ ги донесе гостите во водство, пред Дрис Мертенс да израмни во 43. минута.