Таксист се удри во луѓе во близината на шопинг-центарот „Гостини двор“ на улицата „Илјинка“ во центарот на Москва, повредувајќи осум луѓе, меѓу кои и мексикански навивачи.
Според полицијата во Москва, автомобилот прво удрил во знак на патот, по што поминал во луѓето, и за среќа инцидентот поминал без жртви. Видео на социјалните мрежи покажува како возачот, кој според полицијата направил ненамерна грешка, се обидува да замине од местото на инцидентот, но луѓето во околината успеале да го сопрат. Тој е уаспен.
„Возачот загубил контрола над возилото. Има неколку повредени луѓе кои ја добија потребната медицинска помош“, вели градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Според мексиканската амбасада имало двајца мексикански граѓани кои биле повредени, додека другите биле руски и украински жители.
Локалните медиуми пак, јавуваат дека возачот е со узбекистанско државјанство, но дека не се работи за терористички напад.
Предупредување, видеото е вознемирувачко.
Наезд такси в Москве.. жесть какая-то. pic.twitter.com/09XTwbZNPw
— Борисыч (@Borisich_glass) June 16, 2018