Top Sport

Во Борусија изненадени од изјавата на Халанд дека го „брзаат“

Норвешката ѕвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд во петокот изјави дека му е „незгодно“ што од клубот инсистираат тој бргу да одлучи за својата иднина, зголемувајќи ги надежите дека е возможен сензационален трансфер веќе во јануари, со Реал Мадрид како најверојатната дестинација.

Денеска Михаел Цорк, долгогодишниот спортски директор на Дортмунд, тврди дека нема краен рок и дека тие не вршеле никаков притисок тој да одлучи за иднината. Клубот може многу повеќе да заработи со директен трансфер во јануари отколку во јуни, кога во договорот на Халанд има клаузула за раскин од релативно ниски 75 милиони евра.

„Коментарите на Халанд малку не изненадија. Нема поставено краен рок и уште нема преговори за нов договор или за трансфер. Но, како и да е, ќе мораме да седнеме да разговараме во одреден момент“, изјави Цорк за германскиот „Кикер“.

Scroll to Top