Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва, ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Данска, најголемиот фаворит за титулата, ќе ги тестира можностите на селекцијата која ја предводи Кирил Лазаров.
Македонија, по поразите од Словенија и Црна Гора, остана без шанси за пласман во втората рунда. За крај на ЕП, македонските ракометари ќе ги одмерат силите со Данска.
Јасно е дека во овој дуел, Македонија влегува како тотален аутсајдер, против репрезентацијата која веќе обезбеди место во втората рунда.
Во вториот натпревар, Словенија и Црна Гора ќе решаваат која селекција ќе и се приклучи на Данска во наредната фаза од првенството.
Натпреварот Македонија-Данска, во Дебрецин, ќе започне во 20.30 часот.
Фото/ macedoniahandball.com.mk