Фудбалскиот клуб Сампдорија, објави дека тренерот Роберто Д’Аверза добил отказ. Сампдорија, бележи лоши резултати оваа сезона, во 22 натпревари тимот од „Луиџи Ферарис“, осови само 20 бода.
Сампдорија, до крајот на оваа недела, ќе го соопшти името на новиот тренер. Според медиумите, најголем кандидат е Марко Џанпаоло, кој во минатото бил тренер на овој клуб.
До именувањето на новиот тренер, Сампдорија ќе ја води или помошникот на Д’Аверса, Анџело Паломбо или тренерот на младиот тим, Феличе Тумано.
Сампдорија, утре, ќе игра против Јувентус во осмина-финалето, во Купот на Италија.