Светската фудбалска федерација, вчера, го прогласи најдобриот играч во светот. Наградата ја однесе Роберт Левандовски. Полјакот победи во конкуренција на Лионел Меси и Мохамед Салах.
За наградата „Бест“, гласаа селекторите, капитените на националните тимови и новинарите од земјите членки на ФИФА.
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски гласеше за Левандовски, Меси и Кристијано Роналдо, додека селекторот Благоја Милевски гласаше за Жоржињо, Левандовски и Меси.