Милан, синоќа, доживеа шокантен пораз од Специја (1:2) на „Сан Сиро“. Овој пораз го оддалечи Милан од борбата за титулата во Серија. Милан со натпревар повеќе има два бода помалку од лидерот на табелата, Интер.
Натпреварот го обележе неверојатната грешка на главниот судија, Марко Сера. Во 93.минута тој не почитуваше предност и го поништи голот на Жуниор Месијас, при резултат 1:1.
Сера, во акцијата која му претходеше на голот, веднаш досуди фаул и покрај тоа што топката доде до Месијас, кој потоа постигна гол.
Три минути подоцна Ѓаси го совлада Мењан и ги постави конечните 1:2.
guardate e sentite bene quando fischia l’arbitro (con piena visuale): quando la palla è già sui piedi di messias, con ampissima visuale. @AIA_it merde. pic.twitter.com/70BrC1hDvi
— giorgia (@notgiorgiab) January 17, 2022
Тренерот на Милан, Стефано Пиоло, открил дека судијата Сера им се извинил за грешката по завршувањето на натпреварот, а италијанските медиуми објавија дека во во името на Судиската организација на клубот му се извинил Џанлука Роки.
Поради аматерската грешка. судијата Сера сигурно ќе биде суспендиран за наредните неколку натпревари.