Top Sport

Германците останаа без пола тим за дербито со Полска

Лоши вест за Германија, пред решавачкиот дуел со Полска, во Д-групата на Европското првенство во ракомет.

Германија и Полска забележаа победи во првите две кола, вечерва во меѓусебниот дуел ќе решат кој ќе биде прв во групата. Победникот во групата, во главната фаза ќе носи два бода.

Пред овој важен дуел, Германија остана без седум играчи. Германците на последниот тренинг имале само 11 здрави играчи. Претходно позитивни тестови добиле Волф, Кастенинг, Вицке, Кун, Мерстенс и Вагнер.

Натпреварот Полска-Германија се игра во Братислава, ќе започне во 18 часот, а ќе го судат Македонците Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Scroll to Top