Изабел Родригез, портпаролката на шпанската влада потврди дека услов за играње тенис во Шпанија ќе биде вакцинацијата против КОВИД-19, што значи дека светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ нема да може да игра ниту на Мастерсот во Мадрид во мај.
„Господинот Ѓоковиќ треба да се вакцинира, бидејќи тоа е најразумниот потег“, одговори Родригез на прашање од новинарите.
Ѓоковиќ има куќа во Марбелја, Шпанија, каде што беше во декември пред (не)славното патување во Австралија од каде што беше депортиран.