Србинката Александра Круниќ ја освои својата прва титула во кариерата, откако се врати од сет негатива за 6:7(0)/7:5/6:1 победа над Белгијката Кирстен Флипкенс во финалето во Хертогенбош, Холандија.
25-годишната Круниќ водеше со 5:4 во првиот сет, пред да загуби брејк и да и дозволи на поискусната Флипкенс да го освои тај-брејкот со 7:0. Белгијката веднаш направи брејк и во вториот сет, и кога изгледаше дека лесно ќе дојде до трофејот, Круниќ врати со два брејка за да го освои сетот. Во третиот сет, Србинката го диктираше темпото за да стигне до победа по 2 часа и 10 минути.
Во машкото финале на Росмален играат Французите Жереми Шарди и Ришар Гаске.
Фото: ЕПА