Top Sport

Федерер го крена трофејот во Штутгарт за да го прослави првото место

Роџер Федерер го освои првиот турнир по пауза од три месеци, откако во финалето на Мерцедес купот во Штутгарт со 6:4/7:6(3) беше подобар од уште еден повратник на тениските терени, Канаѓанецот Милош Раонич.

Посетата на Германија оваа година Федерер ќе ја запамети и со враќањето на првото место на АТП-листата, заменувајќи го шпанскиот ривал Рафаел Надал. Ова е третпат Федерер да се искачи на првото место оваа сезона, и од февруари 2004 година, кога првпат беше број 1 има фантастични 309 недели на првото место.

Федерер повторно ја „прескокна“ цела сезона на земја, за на тревнатата подлога во Штутгарт да стигне до четири победи и уште еден трофеј, негов неверојатен 98. во блескавата кариера. Уште позначајно, Федерер патува како број 1 на Вимблдон, каде што ќе брка рекордна деветта титула.

Scroll to Top