Top Sport

Јуве без мака против Сампдорија, фановите пееја: Остани Дибала

Јувентус стигна до убедлива 4:1 победа над Сампдорија во осминафиналето на Копа Италија, иако го немаше позитивниот Макс Алегри на клупата, во меч во кој и „бунтовникот“ Пауло Дибала повторно стрелаше, но овојпат го прослави својот гол за „бјанконерите“.

Хуан Квадрадо ги донесе домаќините во водство во 25. минута пред во 52. минута Даниеле Ругани да зголеми на 2:0. Сампдорија, која е без тренер по отказот за Роберто Д’Аверса, вратија еден гол преку Андреа Конти во 63. минута, пред Дибала само пет минути откако влезе во игра во 67. минута да ја врати предноста од два гола. Алваро Мората во 77. минута со гол од пенал ги постави конечните 4:1.

Во четврт-финалето, Јувентус ќе игра со подобриот од мечот помеѓу Сасуоло и Каљари.

Scroll to Top