Две драми и Шпанците Рафа Надал и Карлос Алкараз го обележаа третиот ден на Австралија опен.
Шестиот носител, Надал, експресно во три сета, го елиминираше Германецот Јаник Хофман. Шпанецот славеше со 6/2, 6/3, 6/4.
Убедлив беше и неговиот млад сонародник Алкараз, против Душан Лајовиќ. Алкараз победи со 6/2, 6/2, 7/5.
Со 18 години и 290 дена, Алкараз е најмладиот учесник во третата рунда на Австралија опен. Шпанецот од понеделник ќе го мине Роџер Федерер на 29.место, на АТП листата.
За разлика од Надал и Алкарз, Денис Шаповалов и Пабло Карењо-Буста играа маратонски дуели со своите противници.
Шаповалов, против Кореецот Сунву Квон, на теренот мина четири часа и 29 минути. Првите три сета беа решени во тај-брејк, Кореецот имаше предност 2:1. Четвртиот и петтиот сет му припаднаа на Канаѓанецот со 7/5 и 6/2.
Карењо-Буста на теренот мина четри часа и 14 минути. 21.носител славеше во дуелот со Холанѓанецот Талон Гиркеспур. Решавачкиот петти сет, Шпанецот го доби со 6/4.