Хармони Тан и нејзиниот херојски потег го обележаа третиот ден на Австралија опен. Девојката која има потекло од Камбоџа, а игра за Франција, не можеше да стои на теренот, но не сакаше да и го предаде мечот на Елина Свитолина.
Свитолина го доби првиот сет со 6/3, во вториот имаше 5:4 и сервис, но Тан освои три гема по ред и израмни во сетови. Во третиот сет започнаа проблемите со исцрпеноста, Тан ги игнорираше медицинските совети да го предаде мечот. На крајот тоа го стори во седмиот гем, при водство на Свитолина 5:1, кога веќе не можеше да стои.
Хармони и честиташе на Свитолина, а потоа со инвалидска количка ја однесоа од теренот.
?????????? ??? ??????? ?
Harmony Tan retires through injury at 6-3, 5-7, 5-1, meaning Elina Svitolina goes through to the next round. #AusOpen pic.twitter.com/OTlnMUJxYr
— Live Tennis (@livetennis) January 19, 2022