Top Sport

Луис Суарез се враќа во Премиер лигата?

Менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард, подготвува уште еден спектакуларен трансфер, По Лука Дињ и Филипе Кутињо, Џерард сака да го донесе ан „Вила парк“ и поранешниот соиграч Луис Суарез.

Суарез има договор со Атлетико до крајот на сезоната, според шпанските медиуми не е исклучено тој до крајот на преодниот рок да го напушти Мадрид.

Новинарот Џерар Ромеро, тврди дека фудбалерот сака да се врати во Премиер лигата, поради што одбил три понуди од Бразил (Палмеирас, Коринтијанс, Атлетико Минеиро) и една од Саудиска Арабија.

Суарез и актуелниот менаџер на Астон Вила, Стивен Џерард, беа соиграчи во Ливерпул од 2011 до 2014 година.

Од почетокот на сезоната, Уругваецот за Атлетико одиграл 27 натпревари, постигнал девет гола и забележал две асистенции.

Scroll to Top