Top Sport

Мршиќ повеќе не е селектор на Хрватска

Кошаркарскиот сојуз на Хрвстска објави дека селекторот, Вељко Мршиќ, повеќе нема да го предводи националниот тим. Двете страни спогодбено ја прекинале соработката.

Мршиќ ја прифатил понудата од Брегоан и во иднина ќе го предводи овој клуб. Правилата во шпанската лига не дозволуваат тренер во исто време да обавува две функции, поради што Мришиќ решил да поднесе оставка.

Хрватска, во квалификациите за Светското првенство, ја очекуваат два натпревари со Шведска во февруари и дуелите со Финска и Словенија во јуни.

Челниците на Сојузот дополнително ќе решат кој ќе биде новиот селектор.

Scroll to Top