Top Sport

По елиминацијата од АО добил позитивен тест на коронавирусот

Ден по елиминацијата од Австралија опен, францускиот тенисер Иго Умбер, бил позитивно тестиран на коронавирусот.

Умбер, во првото коло, доживеа пораз од сонародникот Ришар Гаске. 35-годишникот победи со 3:1 (3/6, 7/6, 7/6, 6/3).

Ден по елиминацијата, Умбер, на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест.

Умбер, 40. тенисер на АТП листата, на навивачите им се заблагодарил на поддршката и објави дека една недела ќе остана во карантин во Мелбурн.

Scroll to Top