Организаторите на Австралија опен ќе му ги платат судските трошоци на Новак Ѓокович, тврди „Дејли Мејл Австралија“. Ѓоковиќ, во неделата, го загуби спорото со Владата на Австралија, по што беше депортиран од земјата.
Судот на Ѓоковиќ му ја укина визата, му изрече тригодишна забрана за влез во Австралија и му наложи да ги плати судските трошоци. Медиумите во земјата тврдат дека Австралија опен ќе ги плати трошоците.
„Луѓето не ја знаат најважната работа. АО ќе ги плати трошоците за судењето, а не Новак Ѓоковиќ. Државата им дава пари на организаторите на АО да го организираат турнирот. Тоа значи дека трошоците ќе ги платат даночните обврзници на Австралија“, тврди „Дејли Мејл Австралија“, повикувајќи се на неименуван извор.