Во меч во кој имаа повеќе од играта, Тотенхем беа пред пораз на „Кинг Пауер“ кај Лестер, пред Стивен Бергвајн да постигне два гола во 95. и 97. минута за неверојатна 3:2 победа и заддржување на темпото на тимот на Антонио Конте во борба за топ 4 пласман во Премиерлигата.
Патсон Дака ги донесе „лисиците“ во водство во 24. минута од мечот и покрај првичната иницијатива на Тотенхем, пред Хери Кејн во 38. минута од мечот да израмни на 1:1. Лестер сметаа дека ги обезбедија трите поени во 76. минута, кога по одлична акција, Џејмс Медисон беше побрз од целата одбрана на Спарси за 2:1.
По ова, на сцена стапи Стивен Бергвајн во едена од најлудите завршници оваа сезона во Премиерлигата, со два гола за само две минути за три поени на тешкото гостување.