Црногорската тенисерка Данка Ковиниќ, преку шампионката на Ју-ес опен, Ема Радукану, избори пласман во третото коло на Австралија опен. 27-годишната Ковиниќ, прв пат во кариерата се проби во третото коло на еден од гренд-слем турнирите.
Ковиниќ, 98. на ВТА листата, ја победи 18.носителка во три сета со 6/4, 4/6, 6/3. Мечот во Мелбурн траеше два часа и 36 минути.
Ковиниќ забележа 40 винери, 13 повеќе од противничката, спаси девет од 15.брејк топки, седум пати успеа да и го одземе сервисот на противничката и направи четири грешки помалку (35/39).
Црногорката во наредното коло ќе игра против Симона Халеп од Романија или Бразилката Маја Хадад.