Петтиот носител на Австралија опен, Андреј Рубљов, славеше максималната победа над Рикардас Беракнис во второто коло. По победата ја шокираше јавноста со својата изјава, открил дека бил потивен на коронавирусот кога влегол во Австралија.
„Мене не ме тестираат, бидејќи неодамна го прележев вирусот. Кога летав кон Австралија се уште бев позитивен, но нивото на опасност од заразата, или како тоа веќе се нарекува, беше ниско. Ми беше доволено да влезам во земјата и десет дена бев во карантин“, изјавил Рубљов за рускиот Јуроспорт и дополнил.
„Доколку се тестирам можеби уште сум позитивен, но сигурно е дека повеќе не можам да ја шарима заразата и не сум опасен. Со оглед на тоа што бев заразен повеќе не правам ПЦР тестови“.
Рубљов во третото коло за противник ќе го има Марин Чилиќ.