Американецот со македонски пасош, Џејкоб Вајли, наскоро ќе ја напушти екипата на Будуќност од Подгорица. Вајли ќе се врати во панското првенство. Според медиумите, во завршна фаза биле преговорите помеѓу неговиот менаџер и Реал Бетис.
Вајли веќе два месеци не игра за Будуќност. Клубот го суспендираше на 3.декември минатата година. Американецот, по обврските кои ги имаше во репрезентацијата на Македонија, не се појавил во Подгорица.
„КК Будуќност Воли сака да ја извести јавноста дека Џејкоб Вајли по настапите за Македонија, не се појави на тренингот, самоиницијативно ја напушти Подгорица. Менаџерот го извести клубот дека Вајли заминал поради семејни проблеми. Клубот го суспендира играчот. Јавноста ќе биде навремено известена за чекорите кои ќе бидат преземи против Вајли“, соопштија тогаш од Будуќност.
Вајли оваа сезона, во АБА лигата, има просек од 4,7 поени и 3,7 скока, додека многу подобра е неговата статистика во Еврокупот, 10,8 поени и 5,8 скока.
ÚLTIMA HORA: Jacob Wiley podría volver muy pronto a la #LigaEndesa. Según ha podido saber @EurohoopsES, el Coosur Real Betis se encuentra en negociaciones avanzadas por su fichaje
Coosur Real Betis in advanced talks with Jacob Wiley, according to @Eurohoopsnet sources
— Alex Madrid (@TheAlexMadrid) January 20, 2022